Никој не одговара за насилството на старицата

11.05.2010 15:58 | KumanovoNews

 Надлежните институции од Куманово сеуште не презеле ништо да го казнат виновникот што една година ја држеше под клуч, без храна и елементарни хигиенски услови, седумдесет и двогодишната Љубица Станковиќ од Куманово.

Никој не одговара за насилството на старицата

Од Центарот за  социјални работи случајот воопшто не го пријавиле во полиција, a велат дека тие немаат основ да го гонат, бидејќи тој немал добиено старателство да се грижи за неа. Договорот за чување  најверојатно бил интерен, па поради тоа роднината и економски ја искористувал тетка си и ја земал пензија.

Ние немаме пријава од Центарот за социјални работи за да можеме да постапуваме по случајот-велат од СВР Куманово.

 За проблематичното однесување на внукот сведочат и соседите и вработените во Пензионерскиот дом на кои тој им се заканувал, поради што луѓето се држеле понастрана од семејната драма.  И тие не го пријавиле насилникот, па засега тој е ослободен од одговорноста.

Стaрицата од вчерa е сместена во Домот за стари лица и по укажаната лекарска помош повеќе не е во животна опасност.

Пациентката ја примивме  во многу лоша здравствена состојба со рани по целото тело. Поради неухранетост и без лекови се наоѓаше во бесознание. Ја избањаа и средија , по што и вклучивме инфузија и дадовме терапија, но не веруваме дека сабајлево ќе ја најдеме жива. Во таква состојбата многу чудно како не добила сепса и останала во живот. Денеска е добра, свесна е, не препознава и зборува со нас, иако гласот сеуште не и е вратен. Да се надеваме дека се ќе заврши како што треба - вели Снежана Каранфилска докторка во Домот.

  Љубица една година живела заклучена во соба, неподвижна, без храна и без елементарни услови за живот. Неподносливата смрдеа што почнала да се чувствува во ходникот ги натерала соседите да се посомневат дека старицата можеби и не е жива и побарале од надлежните да преземат поконкретни мерки за нејзино згрижување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk