Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Никола Ангеловски (20) од населба Доброшане денеска напладне го фати крстот во Проевце.
Ангеловски по трет пат учествува, а втор пат по ред го фаќа крстот. Во 2016 година очекува да има среќа и бериќет.
Очекувам да имам среќа и сите кои скокаат да ги чува Господ. Среќа и здравје да имам, друго ништо не ми треба - изјави Ангеловски.
Тој освен од свештениците доби подарок и од градоначалникот Зоран Дамјановски. За ралика од претходните години, оваа година крстот не се фрлаше на базен, туку во реката кај Кумановска бања. По светиот крст скокаа неколку момчиња, а верниците свеќи запалија во црквата „Света Мина“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk