„Никола Тесла“ црна точка во градот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

04.08.2017 17:26 | KumanovoNews

Населбата има сериозни проблеми и потреба од голема ангажираност од страна на локалната власт, - обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Тесла“ црна точка во градот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Почнувајќи од основните комунални проблеми, немање тротоар од едната страна на главната улица, немање улично осветлување како и безбедноста во сообраќајот.  Сведоци сме на улици без сообраќајна сигнализација, разни нерационални сообраќајни решенија кои значително го комплицираат животот на граѓаните.Еден од најпознатите примери за небезбеден сообраќај е улицата Никола Тесла, која воедно е и една од повеќето црни точки во градот, -соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата предлагаат на неколку точки да се постават лежечки полицајци, кои ќе придонесат за намалување на брзината на возилата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk