Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Никола Златановски (25) го фати Светиот Крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.
Нека продолжи традицијата, младите да ја практикуваат, тие се тие што треба да ја градат државата, изјави Златановски.
Тој верува дека ќе го следи просперитетна година, бидејќи планира отворање на спортски гимнастичарски клуб.
Златановски работи како тренер во еден од пливачките клубови од Куманово и со деца со попреченост. Златановски по крстот досега скокал шест пати.
Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона и свет крст и други пригодни подароци.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk