Николиќ: Ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат

24.04.2014 10:06 | KumanovoNews

Кандидатите за пратеници од СДСМ, денеска се сретнаа со пазарџиите на Зелениот пазар на кои им порачаа дека промени се неопходни за да Македонија се врати на вистинскиот пат.

Николиќ: Ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат

Љубиша Николиќ, кандидат за пратеник вели дека во земјава треба да се врати демократијата и да се подобри економијата.

  - Верувам дека народот ја сфаќа целата оваа политика која што се води во државата, веруваме дека промените ќе дојдат на 27, а со тоа ќе успееме да ја вратиме Македонија на вистински пат каде што ќе има слобода, демократија, просперитет за сите млади луѓе кои што живеат во Република Македонија. Ќе има повеќе работни места кои што ги очекуваме со програмата на СДСМ и можност за просперитет на целокупната територија на Република Македонија - изјави Николиќ.

Тие денеска ќе го посетат и пазарот кај Спорстска сала, населбите Карпош, Бавчи и месна заедница “Трета МУБ“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk