Николиќ: Да ги мотивираме граѓаните да излезат на избори

17.04.2014 16:55 | KumanovoNews

Кандидатите за пратеници на СДСМ во изборната единица два, денеска ги посетија граѓаните во населбата Железничка станица и Агино село.

Николиќ: Да ги мотивираме граѓаните да излезат на избори

При тоа се заблагодарија на подршката за нивниот кандидат во првиот круг на претседателските избори, и ги повикаа масовно да излезат на гласање на 27 април.

Околу 900 илјади луѓе не излегоа на избори. Тоа е доволен знак и за власта и за нас дека имаме шанси во вториот круг да го подобриме резултатот од првиот круг. Во спортот, натпреварот се игра две полувремиња и се надеваме дека во второто полувреме ќе дадеме два гола и ќе обезбедиме победа. Нашата програма нуди економски промени и перспектива за младите, решавање на социјалните проблеми, како и дел од комуналните проблеми. Наша цел е да ги мотивираме граѓаните да излезат на избори и веруваме дека ќе победиме -изјави кандидатот за пратеник Љубиша Николиќ, пред граѓаните.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk