Николиќ и Јанкуловска си посакаа среќа на изборите

19.04.2014 13:54 | KumanovoNews

 Кандидатите за пратеници во втората изборна единица на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Јанкуловска и Љубиша Николиќ, денеска си посакаа среќа на престојните парламентарни избори.

Николиќ и Јанкуловска си посакаа среќа на изборите

Јанкуловска и Николиќ случајно се сретнаа во центарот на Куманово, на паркингот пред хотелот Кристал, додека со своите тимови ги промовираа изборните програми.  Иако политички противници, двајцата застанаа се поздравија и се запознаа, по што се прашаа како тече изборната кампања. Потоа си посакаа среќа за изборите.

Постапката на двајцата противкандидати ги изненади присутните, но наиде на позитивни коментари поради фер-плејот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk