Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советникот Саша Николиќ, професор по физичко воспитување, e назначен за генерален секретар на Демократска партија на Србите во Македонија.
Николиќ доаѓа на местото Горан Стоковиќ, кој пред 1 година ненадејно почина. Местото на високата партиска функција беше празно се до неодамнешното назначување на Николиќ.
Ова е круна на мојот досегашен ангажман во партијата, бидејќи воден од мојата филозофија, оној момент кога како Србин станав член, мислам дека ДПСМ е прв, единствен и најдобар избор за политичко ангажирање на Србите во РМ,- рече новиот генерален секретар Николиќ.
Николиќ досега извршувал повеќе партиски општински функции во Горно Којнаре и Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk