Николовска: Земјоделците добиваат по 8 денари за килограм пченица

16.07.2013 13:52 | KumanovoNews

 Пратеничката Ленче Николовска денеска оддржа прес - конференција пред, пропаднатата фабрика„ Жито- мел„ од каде ја повика Владата да изврши интервентен откуп на 10.000 тони пченица од помалите земјоделски производители за да ги спаси од пропаѓање.

Николовска: Земјоделците добиваат по 8 денари за килограм пченица

Таа објаснува дека по цена од 15 денари за килограм, излегува сума  од над 2 милиони евра, пари кои државата повторно ќе ги врати во јануари кога ќе ја даде пченицата на продажба.

Земјоделците нема на кого да го продадат родот. И покрај изјавите на министерот за земјоделство дека е постигнат договор со мелничарите за 14 - 15 денари откупна цена, пченицата никој не ја купува или на земјоделците им се нуди цена од 8 - 9 денари за килограм - изјави Николовска.

Проблемот со пласманот е проблем на државата, особено за производство на стратешки култури како пченицата, додава Николовска. Таа посочи дека во последниве 7 години има за 20.000 хектари намалување на површините со пченица и 60.000 тони помало производство.

Пратеничката е категорична дека долгорочно решение за производство на лебно жито треба да се најде.

Препорачува да се намали производната цена на пченицата преку поевтина нафта и репроматеријали и дисплаќање на субвенциите пред сеидбата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk