Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актуелната локална власт предводена од СДСМ позади себе остава многу нерешени проблеми, кои ги мачат граѓаните на општина Куманово. Едно од најгорливите прашања е сообраќајниот хаос и недостигот од паркинг простор во центарот на градот, кажа кандидатот за советник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Николовски.
„Наместо, како што ветуваат со години, изградба на катни гаражи, проширување на постоечките улици во центарот на градот, пробивање на нови улици, олеснет проток на возилата низ градот, добивме тотален хаос и секојдневни сообраќајни гужви кои го блокираат Куманово. Затоа како носители на новата реформска локална власт ветуваме пред граѓаните дека: ќе изработиме проект за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција” и негово поврзување со автопатот. Ова е стратешки проект кој не е реализиран повеќе децении и ќе влијае многу во добрата патна инфраструктура во градот. Согласно претходно изработена анализа и сообраќајна студија ќе изградиме неколку катни гаражи на локации кои ќе овозможат ослободување на пешачките и велосипетските патеки од паркираните возила“, кажа Николовски.
Тој најави заради зголемување на сообраќајната сигурност ќе изградат кружни текови на раскрсницата помеѓу булеварите „3-та МУБ“ и „Октомвриска револуција“, на „3-та МУБ“ кај Зелениот пазар и влезот во град Куманово од магистралниот пат Куманово - Свети Николе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk