Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нино Величковски е добитник на наградата Гранд при за вокален солист на јубилејното-десето издание на познатиот Тамбурца фест, што викендов се одржа во Нови Сад.
На четвртата фестивалска вечер во конкуренција на 18 тамбурашки оркестри од земјава и странство, Нино и „Наши тамбураши“ се претставиле со познати хитови и изворни македонски песни.
„Наидовме на одличен прием и на наше големо задоволство и воодушевување се закитивме со специјална награда Гран при за најдобра интерпретација, односно за најдобар вокален солист. Тоа е престижна награда која ја доделува респектибилно жири, бев пријатно изненаден што по вторпат ја добивам наградата. Не следеа околу 50 000 луѓе и беше голем предизвик е да се настапи пред толкав број на публика, - изјави Нино.
Во 20 минутниот термин за македонска музика, Нино премиерно ја испеал песната „Магнет“ специјално снимена за фестивалот, потоа „Бабино девојче„, „Свирете ми тамбури“ и сплет на македонски народни песни во тамбурашка обработки, а Санда Петрушевска се претставила со блок на песни од Каролина Гочева. Публиката била воодушевена од македонскиот мелос.
Фестивалот се одржувал 4 вечери на плоштадот во Нови Сад, а настапиле познати балкански звезди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk