Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Температурите под нулата, ако се задржат подолг временски период, ќе ги измрзнат овошките и лозјата.
На температури кои се - 15 степени осетливи се сите овошки, а од виновата лоза најчувствителна е сортата вранец.
“Вранецот најлесно мрзне, а ризлинг и другите сорти се поотпорни и мрзнат на -22 степени. Истото важи и за овошките, ако не се добро заштитени и ако листовите им паднале предвреме, може да дојде до измрзнување. Оваа зима во Куманово беше студено, но сепак немавме температури до - 20 Целзиусови степени. Се зависи од тоа какви ќе бидат температурите во јануари“ - изјави Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Од овошките најлесно измрзнуваат бадемите, кајсиите и праските.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk