Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агромеоторолозите препорачуваат овоштарите, лозарите и земјоделците да преземат мерки за заштита на земјоделските култури, поради наглиот пад на температурите, кои можат да го оштетат родот на насадите.
Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од северо-исток во текот на утрешниот ден (четврток) ќе допринесе за драстичен пад на температурите на воздухот, особено утринските во деновите од петок до понеделник, кога на одделни места се очекува да се спуштат и до -4 степени Целзиусови.
„Вакви температури во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите, заради што препорачуваме да се направат и преземат сите мерки за заштита на културите заради нивната многу голема осетливост на негативни температури каде и -0,5 степени можат да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат формирано плод, или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој, како што се почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови.
Мерките за заштита се веќе познатите, третирање со препарати против мрзнење кои можат да се користат и во денови кога има само неколку часа сончеви периоди а имаат продолжено дејство, или со класичните методи на зачадување со палење на растителни одпадоци или оросување со вештачки дожд доколку има инсталиран систем за наводнување, а тоа е периодот додека температурите се негативни, или тоа се околу 2 часа пред изгревањето на сонцето и 2 часа после тоа, односно додека не се постигнат позитивни температури, -соопштуваат од УХМР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk