Низа активности за одбележување на Свети Сава

23.01.2014 14:27 | KumanovoNews

По повод Свети Сава, празникот на српската заедница, деновиве ќе биде организирана прослави на локално и централно ниво.

Низа активности за одбележување на Свети Сава

Во недела во 12 часот во училиштето “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане ќе се оддржи приредба за празникот, а вечерта во Скопје ќе биде централната прослава.

Во понеделник на 27 јануари Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово во Народниот театар ќе направи Светосавска акдемија со почеток во 19 часот. Ќе имаме богата програма, со уметници од Србија, со наши членови -  изјави Бобан Јаќимовиќ, претседател на ДПСМ Куманово.

Оваа година на прославата ќе настапи српското културно - уметничко друштво “Српски вез“ кое премиерно ќе се претстави пред публиката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk