Низа проекти за локален економски развој

24.01.2014 15:04 | KumanovoNews

Секторот за локален економски развој при Општина Куманово во текот на годината ќе реализира повеќе проекти, од кои најзначајни се уредувањето на Бислимска клисура, избор на кумановски бренд и најдобар претприемач, избор и откуп на сувенир карактеристичен за Општина Куманово, а ќе публикува и “Водич за инвеститори“.

Низа проекти за локален економски развој

Овие проекти се дел од програмата за работа во 2014 година.

Еден од најголемите проекти, кој ќе се работи цела година е изработка на новата стратегија за локален економски развој Куманово 2020, која сакаме да ја направиме со сопствени ресурси. Исто така освен огласната табла во одделение за даноци ќе се постави и терминал, да не ги шетаме граѓаните за 50 денари административна такса да плаќаат 35 денари разни банкарски провизии - вели Зоран Павловски, раководител на сектор за локален економски развој и ИТ во Општина Куманово.

За реализација на проектите ќе бидат потрошени милион денари од општинскиот буџет и уште 4 милиони од други извори и околу 1.250.000 денари предвидени  за информатичка технологија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk