Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен површина.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје, исто толку ноќеска наврнало во Прилеп и Берово. Времето денеска ќе биде облачно и магливо со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец.
„Денеска ќе биде облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд. Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови“-велат од УХМР.
Утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во раните утрински часови ќе има услови и во некои повисоки места во северниот дел од земјата врнежите да преминаат во снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk