Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска е измерена минимална температура од -1 степен Целзиус.
Најладно било во Берово со -4 степени, а најтопло во Ѓуриште и Дојран 4 степени.
Утринава времето е претежно ведро и релативно студено.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини со слаба магла или заматеност.
Утре не очекува слично време на денешното.
И за време на викендот продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини.
Во недела ќе биде пооблачно, а кон крајот на денот подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен бран што во текот на ноќта и во понеделник преку денот ќе услови врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планините, па и на некои повисоки места. Ќе дува и повремено засилен северен ветер проследен со намалување на дневните температури.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk