Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водоснабдувањето во високите зони од Куманово денеска е нормализирано. Жителите на Черкезско село и останатите населби утринава добиле вода.
Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски потврди дека нема прекин во водоснабувањето во градот.
Од утринава вклучен е бај-пасот преку кој добиваме 110 литри во секунда вода. Сега вкупните количини изнесуваат од 330 до 350 литри вода во секунда, што е доволно за нормално водоснабдување на градот во летниот период. Доколку поради празникот Рамазан Бајрам има енормна потрошувачка, можни се повремени прекини, но тоа ќе биде краткотрајно,- изјави Стојковски.
Директорот апелира граѓаните рационално да ја трошат водата и да избегнуваат полевање на дворовите и бавчите.
Поради проблемот со водоснабдувањето, вчера, жителите на Черкеско село еден час го блокираа стариот пат Куманово-Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk