Нормализирано водоснабдувањето во Куманово

02.01.2015 10:58 | KumanovoNews

Саниран е дефектот на индустрискиот цевковод и нормализирано е водоснабдувањето во Куманово, информираат од јавното претпријатије “Водовод“.

Нормализирано водоснабдувањето во Куманово

Проблемите кои се јавија со намален дотур на вода на 31 декември се надминати и водоснабдувањето се одвива нормално во сите делови на градот.

“Како што ветивме дека проблемот ќе се реши до петок, така и направивме. Нема никакви поплаки или дојави од граѓани да се пожалат дека во одредени зони имаат проблеми со водоснабдување. Имаше дефект на индустрискиот вод и поради студеното време пукаат водоводни цевки така што имаше и други мали дефекти, но нашите екипи ги санираа“ - вели Горан Стојковски, директор на ЈП“Водовод“.

Стојковски додава дека малите дефекти кои секојдневно се јавуваат се дел од тековната работа и се санираат во најбрз можен рок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk