Нормализирано водоснабувањето во Куманово

02.05.2013 13:45 | KumanovoNews

  Од вчера целосно е нормализирано водоснабдувањето на Куманово, тврдат од ЈП „Водовод„.

Нормализирано водоснабувањето во Куманово

Директорот Виктор Божиновски вели дека завчера околу 23 часот од Липковските акумулации до Филтер станицата почнале да пристигаат потребните 220 литри во секунда.  

Со дополнителните 100 литри во секунда кои ги обезбедуваме од  бунарите во селата Бедиње и Провеце, целосно е нормализирано водоснабдувањето во градот и приградските населби.- вели Божиновски.

Тој додава дека  преговорите со раковоството на Водостопанство ќе продолжат по празниците.  Двете претпријатије добија решение од Државниот инспекторат за животна средина во рок од 7 дена да потпишат довор за соработка и да го нормализираат снабдување со вода на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk