Носел пиштол и агресивно се однесувал кон вработените во Брза помош

25.11.2023 12:43 | Сузана Николиќ

Кумановската полиција ноќеска интервенирала, за да спречи насилник кој се однесувал агресивно кон вработените во Брза помош Куманово. 

Носел пиштол и агресивно се однесувал кон вработените во Брза помош

Инцидентот се случил  во 01.00 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 30 - годишен жител на Свети Николе, поради тоа што во Брза помош Куманово агресивно се однесувал кон вработените и носел пиштол.

„Тој бил задржан во полициска станица, пиштолот му бил одземен и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk