Нов директор во Водовод

02.09.2013 09:00 | KumanovoNews

 Горан Стојковски-Диро од денеска е нов директор во јавното претпријатие „Водовод„.

Нов директор во Водовод

Стојковски ќе ја преземе функцијата од досегашниот директор Виктор Божиновски, кој си поднел оставка.

Името на Стојковски цело лето се вртеше во јавноста за прв човек на претпријатието, откако градоначалникот Зоран Дамјановски по изборите најави смена на директорите во јавните претпријатија.

Новиот директор по професија е правник и досега работел во мобилниот оператор ОНЕ. Тој е син на поранешниот директор на Светлина и пратеник, покојниот Благоја Стојковски Белчо.

Градоначалникот Дамјановски напладне на прес-конференција ќе го промовира наследникот на Божиновски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk