Нов директор во земјоделското училиште

23.12.2013 09:17 | KumanovoNews

Весна Трајковска, професор по земјоделска група предмети, мината недела е назначена за директор во СОУ “Киро Бурназ“.

Нов директор во земјоделското училиште

 Новата директорка најавува мерки за подобрување на успехот на учениците и имиџот на училиштето.

Точно е дека кај нас се запишуваат послаби уечници, но не значи дека со нив не треба да се работи. Ќе ги зајакнеме воспитно - образовните мерки, ќе има почесто контакти со родители и ученици, ќе се оддржуваат и дополнителни часови. Тоа ни е обврска по закон и мораме да го сработиме - рече Трајковска.

Таа најави проект во соработка со израелска фирма за земјоделство, изградба на оранжерии и пласман на производите на нашиот пазар. Овој проект треба да се реализира следната година.

Претходниот директор Горан Јовановиќ, беше критикуван заради слабиот успех на учениците и се бараше негова смена. Но вистинската причина беше што тој даде подршка на Виктор Цветковски и партијата ГРОМ што наиде на осуда кај владејачката партија во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk