Нов салон за убавина во градот

12.10.2012 12:23 | KumanovoNews

Салонот за убавина "Бертони" завчера беше свечено пуштен во употреба. На промоцијата присуствуваа бројни гости од градот и земјата.

Нов салон за убавина во градот

Сопственичката Марина Бертони вели дека сите дами кои водат сметка за својот изглед и ги следат трендовите во козметиката повеќе не мораат да заминуваат надвор од градот за да ги добијат саканите третмани.

Од сега нашите вработени ќе се грижат за убавината и негата на кумановчанки. На нашите клиентки им нудиме одлични третмани на лице, тело и коса со најсовремени апарати и техники, како и најквалитетни производи од познатите брендови- објаснува Бертони.

Салонот за убавина е единствен во градот по квалитетот, а начинот на работа се темели на искуствата од светските салони.

 Ќе работиме со најпознатите брендови: REVLON за нега коса, PROFESSIONАL за надградба на нокти, производите на THALGO за третмани на лице и тело, шеќерна депилација ALEKSANDRIA и шминка од CHRISTIAN DIOR-изјави Александра Китановска вработена во салонот за убавина.

Од "Бертони" најавуваат популарни цени, кои ќе бидат прифатливи за сите дами. Посебни поволности и акции ќе има за редовните посетители.

Салонот за убавина "Бертони" се наоѓа во луксузно опремен простор на улицата „Кирил и Методиј„, спроти Народниот тетар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk