Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На плоштадот Нова Југославија, поточно во старата општинска зграда, во сабота ќе се отвори нов современ салон за часовници и уникатен накит Timeless 2.
Со тоа продолжува успешната приказна наречена Timeless. На новата локација покрај новите модели на ексклузивен накит и нови брендови на часовници, ве очекуваат старата добро позната љубезност и професионалност надополнета со традиционалниот квалитет.
На денот на отварањето покрај ветените награди кои беа објавени на нашата фб страница, а ги добија нашите најверни пријатели и редовни потрошувачи, ќе следат и други изненадувања. На прво место се неверојатно ниските цени и попусти на сите часовници и накит, кои ќе траат до крајот на оваа секако за нас успешна 2015 година. Во изминатиов период успеавме да ја освоиме, но и да ја сочуваме довербата на нашите клиенти, и да се наметнеме на пазарот, со своите производи и со својот ентузијазам за работа и великодушност “-велат од Timeless.
За подсетување од 2012 година па наваму Timeless континуирано ги наградува верните потрошувачи со вредни награди, на што можат да ни позавидат и многу големи компании. Кумановци тоа го препознаа, а нивната доверба е огромен мотив да се продолжи понатаму со исто темпо.
ПОВЕЛЕТЕ ПОСЕТЕТЕ НЕ НА ГОЛЕМОТО ОТВАРАЊЕ, БИДЕЈЌИ НИЕ СЕКОГАШ СМЕ ТУКА ЗА ВАС.
ИСКРЕНО ВАШ ТIMELESS,
КУМАНОВСКИ БРЕНД ЗА НАШИТЕ КУМАНОВЦИ!
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk