Нов спортски терен во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка

09.11.2022 21:54 | Жаклина Цветковска

Нов спортски терен со најсовремени стандарди доби ООУ „Јоаким Кричовски“ од Крива Паланка, во кој се вложени над 5.3 милиони денари.

Нов спортски терен во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка

„Поставена е  нова тартан подлога, нова атлетска патека, сектор за скок во далечина, опремени реквизити за настава и реализација на часови по мал фудбал, ракомет, тенис, одбојка и атлетика. Изградена е и нова ограда за безбедност и заштита за која поголеми дел средства се издвоени од сопствен буџет, а дел е донација од УСАИД, информира директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Дане Петровски.

Инвестицијата за современ и модерен  спортски е обезбедена од  сопствениот буџет на училиштето и од УСАИД.

Петровски информира дека изминатиот период е инвестирано многу и  во опремување на кабинети, замена на  подовите, столаријата, смарт табли во уличниците, средства, а  обновена е фасадата и поставена е тартан подлога на двата спортски терени. Реновирање е извршено и на тоалетите и холот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk