Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјотрес со јачина од 3.7 степени во 14.19 часот, денеска го здрма Скопје.
Епицентарот на земјотресот е на 1 км од Црешево или на 4 км северозападно од Арачиново, на 9 км од Скопје.
Првиот земјотрес денеска беше во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново. Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот беше во 15.10 часот, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Дел од земјотресите беа почувствувани и во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk