Нова директорка во „Кочо Рацин“

21.01.2015 10:05 | KumanovoNews

 Лидија Пешевска е назначена за нов директор на основното училиште “Кочо Рацин“.

Нова директорка во „Кочо Рацин“

Таа претходно работеше како одделенски наставник во училиштето, а доаѓа на местото на Драгиша Цветковиќ, кој ќе оди во пензија.

Новата директорка се надева дека и во иднина “Кочо Рацин“ ќе го задржи имиџот за едно од најдобрите училишта во градот.

“Големи успеси постигнавме сите овие години, и се надеваме дека ќе продолжиме со истото темпо заедно со манаџерскиот тим и наставниците. Се во интерес на учениците, современо образование, подобри услови за учење“- рече Пешевска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk