Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светлана Трајковска, професор по хармоника е новиот в.д. директор во основното музичко училиште „Панче Пешев„ во Куманово.
Доаѓа на местото на Ивана Андоновска Свилар на која и заврши 4 годишниот мандат.
Од Секторот за образование велат дека Трајковска била едниствен кандидат кој се пријавил на конкурсот за раководител на училиштето. Избрана е за директор, но не е именувана, бидејќи постапката е блокирана пред избори.
На Трајковска ова ќе и биде трет мандат, по пауза од четири години.
Музичкото училиште во изминатиот период се соочуваше со притисоци за воведување на настава на албански јазик. Медиумите на албански пишуваат дека локалната самоуправа го сменила статутот и сега се чека на Министерството за образование да даде согласност за отварање на паралелки на албански јазик, кои ќе започнат со работа во новата школска година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk