Нова директорка во ОУ „11 Октомври“

10.09.2015 13:24 | KumanovoNews

Елизабета Костадиновска Костиќ, професор по француски и италијански јазик и поранешен помошник директор во “Браќа Миладиновци“ од вчера официјално е нова директорка на основното училиште “11 Октомври“.

Нова директорка во ОУ „11 Октомври“

Таа вели дека ќе работи за подобрување на уписната политика, зајакнување на ученичката заедница и  збратимување со училишта од регионот и пошироко.

“Едно вакво училиште со извонредна централна градска позиција, извонредни просторни можности, обучен наставен кадар, мал број на ученици има и во таа насока ќе делувам. Тоа ќе ми биде главен приоритет, а втор приоритет ќе биде зајакнување на соработката со ученичката заедница да се чуе гласот на ученикот, што возрасните, воспитувачите мора да го земат во предвид бидејќи тоа ни е добар патоказ до каде сме и што треба да направиме за подобрување на воспитно-наставниот процес. Јас по професија сум професор по странски јазици, трет приоритет ќе ми биде воспоставување соработка со други училишта од регионот и пошироко“-рече Костадиновска Костиќ.

Соработката и збратимувањето со училишта од странство ќе помогне за размена на искуства и да видат како тамошните училишта функционираат.

Костадиновска Костиќ доаѓа на местото на Мерилин Стојчевска на која и заврши 4 годишниот мандат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk