Нова експозитура на ТТК банка кај Зелениот пазар

19.06.2012 11:51 | KumanovoNews

 ТТК банка утре отвара нова експозитура во Куманово. Банка ќе биде лоцирана на ул. „ЈНА„ бр.102, во близина на Зелениот пазарот и ќе работи со физички и правни лица.

Нова експозитура на ТТК банка кај Зелениот пазар

Експозитурата ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 08.00 – 16.00h.

Како и сите експозитури на ТТК Банка, корисниците во експозитура Куманово ќе бидат опслужени од страна на високостручен тим кој ќе овозможи ефикасна и брза услуга и користење на сите производи и услуги кои ги нуди банката. Во рамките на новата експозитура се наоѓа и банкомат на банката.

Постоечката експозитура на ТТК Банка во Куманово, останува на иста локација, на ул. Маршал Тито бб, кај т.н. Скопски дуќани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk