Нова фасада доби гимназијата „Гоце Делчев“

05.08.2022 18:35 | Сузана Николиќ

Нова енергетски ефикасна фасада поставена е на училишниот објект и на спортската сала во  Гимназија "Гоце Делчев" во Куманово.

Нова фасада доби гимназијата „Гоце Делчев“

„Ги заменивме сите стари прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци. Целосно е заменет стариот кров со нов кров на училишниот објект и училишната спортска сала. Ја реновиравме внатрешноста на училишната спортска сала, поставивме нов систем за греење во неа и нова спортска подлога. Изградивме ново спортско игралиште со тартан подлога и трибини во училишниот двор. Заменети се врати на канцелариските простории и училници, реконструирани се подни површини во училниците, како и санитарните јазли во училиштето“, информираат од Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk