Нова измама со смс пораки за наводни 100 евра помош од Владата, граѓаните да не даваат лични податоци

20.05.2024 12:53 | KumanovoNews

Владата ги повикува граѓаните да не се наседнуваат на најновата измама со смс пораки, во која се тврди дека ќе доделaт по 6.150 денари на секој граѓанин.

 

Нова измама со смс пораки за наводни 100 евра помош од Владата, граѓаните да не даваат лични податоци

Од Владата соопштуваат дека нема испратено пораки за надомест, и да не внесуваат лични податоци на веб страната.

„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле“, велат од  Владата.

Оттаму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk