Нова карта за целодневно паркирање

12.03.2012 15:03 | KumanovoNews

 Јавното претпријатие „Куманово-паркинг„ сака да воведе дневна паркин карта која ќе важи за сите зони во градот и ќе чини 120 денари. Со оваа карта, корисникот неограничено во текот на еден ден ќе има право на паркинг мести во градот, без дополнително плаќање.

Нова карта за целодневно паркирање

Од досегашното искуство видовме дека имаме потреба од воведување на ваква услуга, за да се подобри и да се разреши проблемот со ограничувањето на времето на паркирање, кое заради совтверскиот систем не е можно да се менува и создава одредени проблеми на граѓаните. Со воведување на дневна паркинг карта по цена од 120,00 денари ќе се овозможи целодневно паркирање во сите зони- вели директорот Трајче Трајковски.

Овој предлог и уште неколку други кои се однесуваат за промени на цените за повластено паркирање за второ возило, попусти за авансно плаќање и намалување на цената на годишните карти ќе се најдат на наредната седница на Совет.

Предлозите се донесени на Управен одбот на претпријатието, врз основа на согледаните недостаоци од повеќемесечното функционирање на зонското паркирање во Куманово.

Сега еден час паркирање чини 30 денари, а ограничено е на два часа на едно паркинг место. За подолго задржување од 2 часа возилото мора да се препаркира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk