Нова опрема во Кумановската болница

23.05.2016 13:50 | KumanovoNews

 Нов апарат за ЕМГ и биохемиски анализатор доби Општата болница во Куманово.

Нова опрема во Кумановската болница

Апаратот  е ставен во фукција и веќе за наредната недела се закажани првите прегледи.

 „За оваа дијагностика од 1000-1200 пациентите годишно се упатувале во Скопје, најмалку 500-600 се за дијагностика во делот на неврологијата. Тие сега ќе можат да ја добијат оваа услуга во Куманово, која што е многу значајна и за пациентите и за докторите„- изјави министерот за здравство Никола Тодоров, при денешната посета на Кумановската болница.

Од наредната недела ќе почна да функционира и биохемискиот анализатор. Болницата доби и други медицински апарати и опрема, како што е: генератор за фузирање на крвни садови, докомплетиран е лапораскопискиот столб и дупчалка за коскена хирургија.

За новите апарати Министерството за здравство одвои 10 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk