Нова опрема за кумановските пожарникари од Дирекцијата за заштита и спасување

08.02.2021 14:17 | KumanovoNews

 Територијалната противпожарната единица на Куманово(ТППЕ), доби нова опрема од Дирекцијата за заштита и спасување.

Нова опрема за кумановските пожарникари од Дирекцијата за заштита и спасување

Станува збор за поголем број на различни алатки кои ќе им ја олеснат работата на пожарникарите при извршување на тешките интервенции, пред се за спасување при елементарни непогоди, урнатини и сообраќајни незгоди.

„Специјалната опрема ја сочинуваат сет на пневматици- воздушни перници за кревање на товар и хидраулични потпирачи за стабилизирање на лесни и тешки возила при сообраќајни несреќи. Досега немавме вакви алатки за користење, а да се надеваме дека ќе нема потреба ни да ги користиме“, - велат од ТППЕ Куманово.

Минатата година Противпожарната единица беше опремена и со зимска опрема, во вредност од 3 милиони денари, а пожарникарите добија 33 нови униформи - комплети за гаснење на пожар на отворен простор, со средства обезбедени од буџетот на Општина Куманово.

(Д.Д.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk