Нова премиера во кумановскиот театар

12.05.2011 12:03 | KumanovoNews

 Во Кумановскиот театар утре вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Ахасфер„ од Василиј Сигарев во режија на Ненан Витанов.

Нова премиера во кумановскиот театар

Ахасфер е Евреинот кој го предал Исус и затоа е осуден на вечен живот до крајот на светот, тоа е метафора за изгубниот и збунет поединец во глобалниот распад на системот, државата, семејството и верата.

Се работи за транзициона семејна драма, а инспирацијата ја црпевме од реалниот живот од вашата професија од весниците, каде ги споредувавме животните приказни кои се најчесто во црна хроника, со оние што се на сцената. Оваа претстава ќе ја шокира публиката до степен на препознатливост на сутуациите од реалниот живот. Тоа се ситуации, кои најчесто ги читаме во весниците, син убил татко или слични шокантни работи и неверојатни ситуации што ги поврзуваме со времето во кое живееме. Моралните вредности наеднаш паднаа или никогаш не постоеле, а  сега станаа толку видливи и излегоа на површина. Вредности се парите и матерјалното, а емоциите се доживуваат на ниво на експонат во музеј- вели режисерот Витанов  

Во претставата играат: Виктор Арев, Горан Илиќ, Кети дончевска Илиќ, Стефанија Зисовска, Ивица Димитриевиќ, Димитрија Доксевски, Владо Дојчиновски, Драгиша Димитриевски и Никица Јанковски.

Сценографијата е на Бојан Маневски, костимографијата на Андријана Динева, а музиката на Миодраг Неќак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk