Нова седница на Советот на Општина Куманово - на дневен ред 30 точки

19.12.2022 11:13 | Сузана Николиќ

Триесет точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница на Советот на Општина Куманово. 

Нова седница на Советот на Општина Куманово - на дневен ред 30 точки

Советниците ќе расправаат по програмите за работа на јавните претпијатија за наредната година, програми за субвенционирање на ученици за пливање во Затворениот базен, субвенционирање на здруженија и фондации за бесплатен градски и меѓуградски превоз, субвенционирање на граѓаните за приклучок на гасификациона мрежа и др.  Вообичаено дневниот ред секогаш се надополнува со по уште неколку точки, кои се предлагаат од власта или опозицијата и се сметаат за итни за разгледување.

Дневен ред:

1.    Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2023 година;
2.    Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;
3.    Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2023 година;
4.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
5.    Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
6.    Информација во врска со барањето на Месна заедница на с. Романовце за преземање на водоводниот систем на с. Романовце од страна на ЈП „Водовод“ – Куманово;
7.    Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
8.    Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
9.    Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
10.    Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
11.    Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат меѓу крак на ул. „11-ти Октомври“,ул. „11-ти Октомври“, ул. „3-та МУБ“, ул. „ЈНА“ и ул. „Новопланирана 1“– Општина Куманово ;
12.    Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
13.    Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
14.    Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
15.    Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2023 година;
16.    Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
17.    Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен градски и меѓуградски превоз за 2023 година;
18.    Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2023 година;
19.    Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2023 година;
20.    Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;
21.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на 16 општински основни училишта;
22.    Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
23.    Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
24.    Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2023 година;
25.    Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;
26.    Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;
27.    План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026;
28.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движнa ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
29.    Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
30.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk