Нови 107 позитивни на КОВИД-19 во земјава, 44 во Куманово

16.04.2020 14:47 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа потврдени се 107 нови случаи на КОВИД-19 во земјата, од кои 44 во Куманово, информира Министерството за здравство.

Нови 107 позитивни на КОВИД-19 во земјава, 44 во Куманово

По градови:

Скопје – 28

Куманово -44

Дебар – 2

Штип – 1

Прилеп – 11

Тетово – 5

Струга – 1

Велес -4

Битола – 6

Кавадарци -1

Гостивар – 2

Кочани -1

Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 367

Куманово - 306

Дебар – 51

Штип-32

Прилеп –100

Тетово – 48

Струга – 50

Велес – 40

Битола –15

Охрид –7

Кавадарци - 4

Гостивар –12

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-4

Радовиш - 4

Крушево – 3

Кочани – 26

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -2

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk