Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово, рекордни 317 во државата

07.10.2020 15:30 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19, а направени се 1990 тестирања.

Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово, рекордни 317 во државата

 По градови во: Скопје 182, Штип 13, Куманово, Гевгелија и Струмица по 12, Гостивар 11 и др.

Починати се 4 лица, од Скопје (59), Струга(65), два пациенти од Гостивар (71 и 76).  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти. Во Куманово 12.

Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk