Нови 13 заболени и 7 оздравени од ковид-19 во Куманово

13.09.2020 11:59 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во земјата.

Нови 13 заболени и 7 оздравени од ковид-19 во Куманово

 По градови: Скопје 17, Куманово 13, Прилеп 11, Тетово 10, Гостивар и Гевгелија 7, Струга 5, Крива Паланка 2 и др.

Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54) и пациентка од Радовиш (51).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје 19, Куманово 7, Прилеп 5, Тетово и Струга 3,Крива Паланка 1 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791,  бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk