Нови 13 заболени од коронавирус во Куманово, 364 во државата

08.10.2020 16:48 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19, а направени 2140 тестирања.

Нови 13 заболени од коронавирус во Куманово, 364 во државата

По градови во: Скопје 184, Струмица 21, Тетово 19, Кочани 17,  Куманово 13, Свети Николе 11, Крива Паланка 5 и др.

Починати се 3 лица, од Охрид (73), Гостивар (62) и Радовиш (72).   

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти. Од Куманово 12.

Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk