Нови 14 случаи на ковид-19 во Куманово

01.10.2020 18:24 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 75, Куманово 14, Тетово 13, Струмица 10  и др.

Нови 14 случаи на ковид-19 во Куманово

Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81) и еден од Штип (81).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје 24, Куманово 10, Штип 4, Прилеп 11, Тетово 10 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk