Нови 15 случаи на ковид-19 во Куманово

23.07.2021 14:19 | Сузана Николиќ

Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово, регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус. Директорот Ариф Љатифи, вели дека 8 од случаите се откриени по напран тест на Мој термин, тројца што првавеле тест за патување, а останатите резултати се добиени од приватни лаборатории. Нема информации дали новозаболените се од еден кластер, бидејќи анкетите ги првата епидемиолозите од другите градови.

Нови 15 случаи на ковид-19 во Куманово

Ова е драстичен скок на новозаболени во Куманово по подолг период, бидејќи во изминатите седум дена беа регистрирани 7 новозабоелни. 

Во последните 24 часа на ниво на држвата направени се 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на ковид-19. По градови во: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:  Тетово – 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе - 1.
 
Не се регистрирани починати пациенти.

Во Куманово активни се 29 случаи, Прилеп 8330, Активни 3, Тетово 7359, Активни 81.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk