Нови 17 заразени со коронавирус во Куманово, 138 во земјата

01.08.2020 14:20 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани нови 17 случаи на ковид-19.  

Нови 17 заразени со коронавирус во Куманово, 138 во земјата

Во последните 24 часа направени се 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи во земјата. По градови: Скопје 47, Куманово 17, Штип 16, Дебар 10, Гостивар 10, Македонски Брод 6, Велес 5...

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53), пациентка од Кичево (41), пациент од Битола (27), пациент од Дебар (78) и пациент од Штип (64). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891,  бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

Во Куманово досега заразени се 1.049, а активни се 263 пациенти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk