Нови 18 случаи на ковид-19 во Куманово, 10 во Крива Паланка

04.01.2022 14:59 | Жаклина Цветковска

Во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи, 331 оздравени и 15 починати лица од ковид -19.

Нови 18 случаи на ковид-19 во Куманово, 10 во Крива Паланка

Според податоците од Институтот за јавно здравје статистиката по градови е следна: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 331 оздравен пациент од: Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г  и 88г) и  Битола (60г, 69г  и 90г), 2 лица од Охрид (68г  и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Дистрибуција по градови Скопје -100.317, активни – 3.135 
Куманово -13.187, активни - 109 
Тетово – 11.454, активни - 64 
Прилеп – 10.944, активни - 346
Битола – 9.484, активни - 419.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk