Нови 20 заразени и 8 оздравени од коронавирус во Куманово

26.07.2020 12:49 | KumanovoNews

Нови 20 случаи на заразени од вирусот ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Нови 20 заразени и 8 оздравени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а откриени се 152 нови случаи на коронавирус во земјава. По градови во: Скопје 39, Куманово 20, Дебар 8, Штип 14, Прилеп 1, Тетово 9, Струга 13, Битола 5, Охрид 3, Кавадарци 5, Гостивар 15, Гевгелија 3, Струмица 4, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 2, Делчево 3, Кратово 1, Свети Николе 1 и Кичево 2.

Во изминатото денониќие нема починати пациенти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје 23, Куманово 8, Штип 6, Тетово 10, Гостивар 10 и Свети Николе 13.

Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk