Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во земјава, а направени се 2699 тестирања. По градови во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28, Прилеп 55, Тетово 48, Струга 9, Велес 53, Битола 31, Охрид 18, Кавадарци 24, Гостивар 18, Гевгелија 12, Струмица 27, Крива Паланка 10, Кратово 6, Свети Николе 6 и др.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77), еден од Прилеп (54), еден од Тетово (88), еден од Струга (66), еден пациент од Велес (78), еден од Битола (76), двајца пациенти од Струмица (63 и 68), еден од Радовиш (66) и еден пациент од Ресен (83).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk