Нови 22 случаи на КОВИД-19 во Липково, два во Куманово

11.06.2020 11:44 | KumanovoNews

Вкупно 24 новозаболени од коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово (ЦЈЗ).

Нови 22 случаи на КОВИД-19 во Липково, два во Куманово

Двајца во Куманово и 22-ца во Липково. По села: 13 во Матејче, Слупчане -1, Липково-2, Оризаре-4 и Отља-2.

„Повеќето се од познати кластери, а има и нови. Денеска правевме тестови само на Мој термин и контролни тестови, а утре ќе продолжиме со масовното тестирање во Липково. Повеќето граѓани прифаќаат да се тестираат, но сеуште има и такви коишто имаат резерва“, - вели директорот на ЦЈЗ, Ариф Љатифи.

 На ниво на државата во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на КОВИД-19.

- Скопје 131

- Куманово 24

- Штип 2

- Прилеп 2

- Тетово 5

- Струга 2

- Велес 4

- Охрид 1

- Гостивар 2

- Свети Николе 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60) примена на 5 јуни, пациент (64) примен на 8 јуни и пациент (59) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

- Скопје 12

- Штип 1

- Тетово 3

- Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk