Нови 26 случаи на ковид-19 во Куманово

06.08.2021 17:28 | Жаклина Цветковска

Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово - 26, Струга - 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.

Нови 26 случаи на ковид-19 во Куманово

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69145, Активни 370
Куманово 9017, Активни 114
Прилеп 8350, Активни 20
Тетово 7724, Активни 379.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk